Убавината не е само изглед. Убавината е храброст, креативност и самодоверба, е мотото на настанот „Убавината како став“, посветен на промоција на жени претприемачи од индустријата за убавина – жени кои преку својата работа создаваат стил, самодоверба и нови можности.
На настанот кој го организираше Советот за женско претприемништво на Општина Битола, се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Присутните имаа можност да се запознаат со успешни жени од секторот за убавина, да видат презентации во живо на нивните услуги и производи, да слушнат инспиративни приказни за претприемништво и да воспостават нови соработки и контакти.
На неколку дена по Меѓународниот ден на жената се случи овој настан кој беше простор каде креативноста, бизнисот и женската енергија се спојиа, се прославуваше убавината како сила, став и претприемачка приказна.
„Добредојдени се сите кои веруваат дека убавината е повеќе од изглед – таа е начин на изразување и создавање сопствен пат“ , беше речено на настанот.


































