Убава вест од Битола: Полека завршуваат работите за обновување на планинарскиот дом “Копанки”

Во кабинетот на градоначалникот на Битола денеска се одржа координативен состанок за завршување на изградбата на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер.

Градоначалникот Тони Коњановски и секретарот Борче Димитровски ја одржаа оваа координација со претседателот на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“, Диме Попов, Гоце Стојаноски директор на фирмата изведувач на градежните работи „Стентон градба“ фирма ангажирана од ПСК „Пелистер“, кој исто така го ангажира и надзорот над изведбата и директрот на ЕСМ Молика, Горан Исков.

Беше кажано дека 90 проценти од бетонско-армирачките работи и кровот се завршени, а остануваат да се работат дел од фазите архитектура, водовод, канализација и електрика.
Планот е домот да биде завршен во октомври оваа година, по што ќе остане само опремувањето на собите ( хотелскиот дел ), што ќе се случи во текот на 2027 година.

ЕСМ Молика, годинава го промовираше и ноќното осветлување на скијачките терени, а во континуитет работат на осовременување на ски терените на Копанки и имаат одлична соработка и со планинарскиот клуб и со Општина Битола, со цел битолчани и другите љубители на планината и зимските спортови да имаат убави места за рекреација.

Општината ја истакна својата голема посветенот и поддршка во реализацијата на изградбата на домот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.