Уапсен прилепчанец – возел со 120 на место каде е дозволено само 50км/ч

-На 29.09.2025 во 15:18 часот на ул.„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода З.Т.(42) од Прилеп. При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека управувал товарно возило „фолксваген” со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километар на час на место каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 50 километри на час.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило” – стои во соопштението од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.