Уапсен битолчанец – Се сомничи дека со пиштол и’ се заканувал на поранешната девојка и нејзината мајка

-ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.К.(33) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дели „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 31.07.2024 во домот на неговата поранешна девојка, пријавениот упатувал закани со пиштол кон неа и нејзината мајка, а од извршен преглед кај него бил пронајден и одземен пиштол ЦЗ 7.65 со празна рамка, додека во возилото кое го управувал била пронајдена и одземена кутија со куршуми калибар 7.65мм – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.