Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема денеска е притворен во Париз поради учество во аферата уцена на репрезентативниот колега Матју Валбуена со секс-снимка“.
Во овој случај беше обвинет и Жибрил Сисе, но тој е пуштен на слобода, а по скандалот објави крај на својата кариера.
Обвинителството во Франција постапува по случајот откако полицијата добило пријава од Валбуена дека неколку лица му побарале откуп од 150.000 евра за секс-снимка да не излезе во јавност.
Од тамошното обвинителство го потврдија притворот на Бензема и соопштија дека голгетерот на Реал се соочува со казна од една до пет години затвор ако биде прогласен за виновен.