Од полицискиот билтен на МВР:
-На 04.10.2025 во 16:30 часот во Прилеп, на место викано „Караташ“, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.А. од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.288 од КЗ. Тој палел жици од електрични инсталации, при што предизвикал пожар, кој бил изгаснат.
-На 04.10.2025 околу 22:00 часот, во близина на депонијата за отпад во Струга, полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија С.В.(58) од Прилеп. Тој бил затекнат додека се обидувал да ги запали претходно собраните кабли од стари машини и од други предмети, за да може потоа, да ги извлече бакарните жици.
По целосно документирање на двата настани, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава – стои во соопштението од МВР.