Претседателот на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот Совет Доналд Туск денеска оствари телефонски повик со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој дел од тоа што разговарале го сподели преку твит на својот Твитер профил.
„Во мојот разговор денес со Христијан Мицкоски, претседател на нашата сестринска партија ВМРО-ДПМНЕ разговаравме за ситуацијата со КОВИД-19 и за политичката ситуација во земјата. Сите треба да им служат на интересите на граѓаните“, напиша Туск на својот Твитер профил.
In my conversation today with Hristijan Mickoski Chairman of our member party VMRO-DPMNE we discussed the latest national COVID-19 trends and its related political challenges. All needs to be done to serve best the interests and protection of the citizens. pic.twitter.com/LtfYKTPGcE
— Donald Tusk (@donaldtuskEPP) June 4, 2020
Претходно Мицкоски за телефонскиот разговор со Доналд Туск напиша:
“Денес остварив телефонски разговор со Претседателот на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот Совет, Доналд Туск.
Разговаравме за здравствената и политичка состојба на државата и регионот.
Во пријателскиот разговор ја споделив мојата огрoмна загриженост од експлозијата на корона пандемијата и огромната прогресија на вирусот кој директно го загрозува здравјето на нашите граѓани. Ја истакнав мојата оценка дека Владата и Комисијата за заразни болести која работи под политички диктат во овие сложени услови нема никаква стратегија и план за излез од кризата што не доведува во ситуација да се превземаат ад хок мерки без оддржлив ефект.
Во разговорот постигнавме заемна согласност дека најпрво е потребно владата и останатите одговорни субјекти заеднички да ја победиме короната, па дури потоа да се спроведат кредибилни и слободни избори кои ќе ја одразат волјата на граѓаните, бидејќи се друго дополнително би ја акцелерирало заразата со нови жртви и истото би било неодговорно спрема граѓаните.
Разговаравме и за нашата соработка во рамките на Европската народна партија како најголема политичка сила во рамките на Европската Унија при што ја истакнав важноста за напредок на европските аспирации на Република Македонија. Се договоривме да ја продолжиме заемната комуникација и да се следи состојбата во наредниот период со економската и здравствената криза”.