Тутунски Комбинат АД Прилеп објави оглас за вработување на 170 општи работници и еден Оценувач на тутун.
Според огласите објавени на веб страната на Агенцијата за вработување, огласот за општи работници е на определено работно време во траење од 3 месеци, а платата изнесува 12,350 денари.
Основната плата за Оценувач на тутун изнесува 14,820 денари, а кандидатите потребно е да поседуваат лиценца за процена на тутун. Работното место е за општина Радовиш. Потребно е средно образование и искуство од 6 месеци.
Огласите се активни до 05.11.2018 година.
АПЛИЦИРАЈТЕ!