Тутунарите од Прилеп и прилепско денеска одново го блокираат патот Прилеп-Градско, од 10 до 16 часот.
Протести има во битолско Драгожани, во Конче, Радовиш и Велес.
За денеска во просториите на општина Прилеп најавена е нова средба, на која треба да присуствува министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа.
Останува да видиме дали конечно денеска тутунарите ќе ги добијат писмените гаранции кои ги бараат, и дали реално ќе се плати нивниот труд и мака.