Анкара ја поздравува ратификацијата на Преспанскиот договор од грчкиот парламент и притоа истакна дека „сите пречки за членството на Македонија во НАТО и во ЕУ се отстранети“, изјави портпаролот на турското МНР, Хамами Ачкој.
Го поздравуваме прифаќањето на Преспанскиот договор, со кој се најде решение за името и се острануваат пречките за прием на Македонија во НАТО и во ЕУ, изјави тој.
По ова стигна првата реакција од Грција.
Почнува тешкиот период за грчките интереси, ја коментираше Џорџ Кумуцакос изјавата на Анкара.
Тој притоа истакна дека „Анкара очигледно намерно игнорира да го користи „Северна Македонија“ и притоа го поздравува идното членство а Македонија во НАТО и во ЕУ“, додаде поранешниот министер за надворешни работи од Нова демократија.
Според него, во иднина ќе се зацврсти соработката меѓу Турција и Македонија во рамки на НАТО.
Кој ќе биде приодот на Скопје во НАТО кога се во прашање грчките интереси?, праша Кумуцакос, и притоа истакнува – „почна тежок период за грчките интереси“.
Извор: “Лидер”