Мостот „Чанаккале 1915“ е долг 4.608 метри и го има најдолгиот распон на светот, кој меѓу два главни столбови, високи 318 метри, се протега до должина од дури 2.023 метри.
Тоа е и првиот мост што го премостува морскиот премин што ги поврзува Егејското и Мраморното Море.
Трошоците за изградба изнесувале 2,5 милијарди евра.
Самото име на мостот оддава почит на битката кај Галиполи од Првата светска војна, која Турците ја нарекуваат Чанаккале Савашлари по местото каде што се случила.
Во неа, на 18 март 1915 година, турската војска ги поразила вооружените сили на Антантата, главно од тогашната Британска империја.
Борбите траеле до јануари 1916 година, кога Отоманската империја ги поразила британските и француските трупи.
„Овој мост е траен спомен на мачениците од Чанакале“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган при отворањето на величествениот мост.
Türkiye inaugurates the world’s longest mid-span suspension bridge in Canakkale, marking the 107th anniversary of the naval victory in the city.
The 1915 Canakkale Bridge is built like an artillery shell as a tribute to Türkiye’s victory at the WWI Battle of Gallipoli pic.twitter.com/HcpAqbF4B3
— TRT World (@trtworld) March 18, 2022