Фудбалскиот клуб Башкими 1947 го претстави Анатолиј Петејчук како најновиот играч во своите редови за следниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Иако е млад по години, има 23 години, Петејчук веќе поседува значајно искуство од македонскиот фудбал, каде настапуваше за Вардар и Победа, што го прави важен адут за тимот во наредната сезона.
Фудбалскиот клуб Новаци пак се пофали со ново засилување за пролетната полусезона во ВМФЛ. Нов член на овој клуб е Марио Дебрешлиоски. Станува збор за 23-годишен дефанзивен играч за врска кој доаѓа во Новаци по редовите во Победа од Прилеп.
Победа ја напушти и Филип Димоски, кој се сели во Осогово од Кочани. Искусниот 26-годишен напаѓач од тринаесеттата екипа премина кај осмата на табелата во Втората лига на Македонија.
























