Три тинејџерки го убиле својот татко: Познатиот руски мафијаш со години ги злоставувал и тепал, а сега им се заканува 15-годишна робија

Руските тинејџерки Кристина (19), Ангелина (18) и Марија (17) го признале убиството на нивниот 57-годишен татко Михаил Качатуријан, поради што им се заканува 15 годишна казна затвор.

Како што пишуваат медиумите, сестрите го избодиле таткото после години измачување и сексуално злоставување.

Според полициските извештаи, сите три сестри го признале убиството на нивниот татко тврдејќи дека со години трпеле сексулано, психичко и физичко малтретирање.

Неговото тело е пронајдено со неколку убоди.

“Го мразевме и сакавме само една работа – или да исчезне или никогаш да не го запознаевме”, рекла Кристина.

Наводно, таткото ги злоставувал на различни начини, а во една прилика една од нив морала да изеде кучешки влакна од подот.

За да може да ги шпиунира додека не е дома, поставил камери, а постојат информации и дека сексуално ги злоставувал.

Една од сестрите се обидела да се самоубие. Доколку бидат осудени им се заканува казна затвор од 10 до 15 години.

На денот на убиството, сестрите велат дека им се заканувал со нож. Една од нив го зграбила и го прободила, а потоа се придружиле и останатите.

Нивниот татко бил зависник и од хероин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.