Два дена пред Нова Година, започнуваме да анализираме што сме направиле годината што изминува и што ќе правиме во годината што следи.
И токму затоа, убаво е да се направи кратка листа која ќе не мотивира и инспирира за поубава година.
1. Листа на најголемите достигнувања во 2016 година!
Листата на одлуки за новата година не мора секогаш да има работи кои сте ги направиле погрешно или пак цели кои не сте ги оствариле, а сте требале. Напротив, пописот кој сите ние треба да го направиме е оној на кој сме горди и кој ги содржи сите убави работи во годината која заминува.
2. Листа на се она што сте благодарни
Нова година е време кога размислуваме што мора да смениме во животот. Но, пред да почнете со критиките, направете нешто што ќе ве развесели и на што ќе се гордеете. Направите попис на работите кои ви се случиле во 2016 година, а на кои може да бидете благодарни и насмејте се!
3. Листа на работи на кои ќе се веселите во 2017 година
Запишете пет работи (мали или големи) кои едвај ги чекате во Нова година. Како на пример венчавката на пријателката (или сопствената), продолжението на филмот или серијата кое го чекаш со нетрпение, можеби дипломата, патување за годишен одмор.