Фудбалерите на футсал клубот Победа стигнаа и до третиот триумф во Втората лига, откако синоќа ја поразија екипата на Кораби со 6:4.
Ова беше прв пораз за Кораби сезонава, и сега заедно со Победа имаат по 10 бода на третото и четвртото место на табелата.
За Победа головите ги постигнаа: Борче Сркески, Виктор Тошески 3 и Борче Макешоски 2.
Во наредното коло прилепчани гостуваат кај Конзули.