Три месеци без плата, една година без редовно здравствено осигурување – Вработените во прилепскиот “Терминал” излегоа на ШТРАЈК! (ФОТО)

Три месеци без плата, една година без редовно здравствено осигурување, вработените во прилепскиот Терминал се оставени на милост и немилост. Тие денеска излегоја на предупредувачки протест и побараа од раководството на ЈКП Комуналец Прилеп, кој е и основач на оваа филијала, нивниот проблем под итно да се реши.

Терминалот во моментов има 10 вработени, чии семејства мака мачат да обезбедат егзистенција. Во моментов не работи ниту кујната на новите градски гробишта, која е во состав на Терминалот.

Се жалат и претходните вработени, кои велат дека 9 месеци немаат земено отпремнина, ниту јубилејни плати, ниту К-15.

Од ЈКП Комуналец велат дека решение за Терминалот се бара, но не потенцираат кога точно ќе се реши проблемот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.