Кошаркарите на Мега Баскет Прилеп стигнаа и до втората победа во второто коло на Третата кошаркарска лига (Б-група).
Вчера во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, прилепчани ја пречекаа екипата на Дибра иглс од Дебар и триумфираа со висок резултат 84:55.
По минатонеделното гостување кај Гостивар, ова е втор триумф за прилепчани во новата сезона.
Дечките уште еднаш покажаа дека заслужуваат поголема поддршка и од публиката, но и од бизнис секторот.
Нека ова биде повик до сите надлежни да ги поддржат младите кошаркари со цел кошарката одново да заживее во Прилеп.