Во рамките на определбата на ВМРО ДПМНЕ, да се има постојана комуникација со граѓаните, денеска во Прилеп престојуваше Цветан Трипуновски. Тема на средбите беше перспективата на аграрот во периодот кога се очекува завршување на наметнатата криза во државата.
Тој на средбите со тутунарите потенцираше дека подобриот квалитет на тутунот од годинашната реколта, значи и повисока цена за оваа традиционална култура во прилепскиот регион. Постојана е контролата од страна на институциите со цел да бидат заштитени тутунопроизводителите, односно правилно да биде вреднуван нивниот труд.
-ВМРО ДПМНЕ постојано е во комуникација со сите граѓани, особено со земјоделците во Република Македонија. ВМРО ДПМНЕ покажа дека земјоделецот го заслужува вистинското место. Денес сме во Прилеп на средба со граѓани во повеќе населени места, во Мало Коњари, Големо Коњари и во Канатларци. Остваривме средба со тутунопроизводителите од овој регион и разговаравме за моменталниот откуп што е актуелен во моменто во овој регион и во цела Р. Македонија. Сакам да потенцирам дека ВМРО ДПМНЕ покажа како треба да се грижи и како треба да се поттикнува и да му се помага на македонскиот земјоделец со сите оние мерки коишто ги имавме изминатиов период, и во делот на субвенционирањето и во останатите сфери. Би сакал да додадам и дека во наредниот период, во новата програма на ВМРО ДПМНЕ се издвојуваат неколку моменти што ќе значат подобар живот и поголем придонес за македонскиот земјоделец, а тоа е новиот систем односно новиот проект за 80% финансирање на новите системи „Капка по капка“ кои ќе значат поголемо и порентабилно производство во земјоделскиот сектор. Исто така во наредните четири години се предвидува 600 милиони евра субвенција во македонското земјоделство, што ќе значи дополнителна помош за македонскиот земјоделец. Останатите мерки коишто се актуелни во досегашниот петриод ќе продолжат се со цел македонскиот земјоделец да може да опстане во Р. Македонија, а тоа ќе значи и посериозен и поквалитетен пласман на македонските производи. Ние и понатаму ќе продолжиме со оваа комуникација со земјоделците бидејќи само во еден таков дијалог ќе можеме да помагаме на најправилен начин.
Трипуновски додаде и дека на секој граѓанин му е јасно што значат релаксирани услови за живот и работа, кога енергијата нема да се троши на бесмилени, испровоцирани и наметнати односи од страна на СДСМ, наспроти избраните претставници од народот на последните парламентарни избори.Затоа, не треба да има никаква дилема: само 63 пратеници од ВМРО ДПМНЕ во идниот законодавен дом се вистинска гаранција за враќањето во нормален колосек и продолжување на патот на развојот.
Во населените места Подмол, Тројкрсти, Големо Коњари и Канатларци во општина Прилеп кои Трипуновски ги посети денеска, тој оствари средба и со Здружението на тутунари на кое разговараше за плановите и идеите на владеачката ВМРО ДПМНЕ во овој дел.