Трет ден Воскресение Христово: Денот кој се смета дека е најдобар во целата година

Денеска е Воскресение Христово – Трет ден. Во Водената седмица, како што се нарекува првата недела по Велигден, особено се признаваат, и по важност се издвојуваат Водениот вторник и Водената сабота.

Според старо народно верување, вторниците важат за баксузни денови. Но, не и овој. Кај луѓето, Светлиот или Водениот вторник се смета за посебен ден, а благодетот од овој ден се пренесува на сопружниците и новооснованите семејства.

Се верува дека на овој ден не е добро да се пере, готви, шие, закрпува, особено не машка облека, или облека на момче кое оди во војска.

На овој ден добро е да се оди на пат. Доколку одите на пат замислете желба и таа ќе се оствари, а на патот ќе ве следи среќа.

Кај народот овој вторник се смета за најдобар во целата календарска година, а во некои места се одржуваат и свадби поради посебниот благодат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.