Трета несреќа во два дена во Прилеп во која повреден е малолетник – Овојпат автомобил удрил во велосипед

-На 18.09.2024 во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(59) од Прилеп и велосипед управуван од малолетник од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Oва е трета несреќа во два дена во која повредени се малолетници. Во билтенот на МВР со дневни настани уште стои и дека:

-На 17.09.2024 во 15:10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул. “5-та Прилепска Бригада”, малолетничка од Прилеп, управувајќи со мопед со прилепски регистарски ознаки, изгубила контрола и со мопедот удрила во паркирано патничко возило марка “лада” со прилепски регистарски ознаки. Малолетничката што го управувала мопедот се здобила со тешки телесни повреди, а нејзината малолетна сопатничка со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

-На 18.09.2024 во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од ул.„Мице Козар“ со ул.„Никола Карев“ во Прилеп, патничко возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(38) од Прилеп, удрило во малолетен пешак од Прилеп, а потоа и во паркирано патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.