Ден после болниот пораз од Швајцарија, селекторот на Србија, Младен Крстајиќ, се појави пред српските известувачи во Русија, и повторно фрли со “дрва и камења” по судијата Феликс Бирх.
Крстајиќ неколку часа пред конференцијата на својот Инстаграм прикачи фотографија од спорното соборување на Митровиќ пред голот на Швајцарија од повеќе аголи, со коментар дека над Србите некогаш висеше Хаг, а сега ВАР.
Истото го повтори и пред српските новинари.
На прашањето ако може да му покаже картон на судијата, која боја би бил, Крстајиќ одговорил:
“Би го испратил јас него во Хаг. Да му судат. Како што тој ни судеше нам”.
За судењето на целиот меч тој рекол:
“Како и во цела Србија и во целиот свет, факт е дека сме искрадени, но нема да барам алиби”.