Она што за Америка е “Fort Knox” во кој се чува државното богатство, тоа за Русија е главниот трезор на Средишната банка на Руската Федерација.
Ова е можеби најдобро чуваниот објект во светот, а трезорот не може да го пробие ни најсовремена балистичка ракета. Но, пред да биде изграден трезорот, Русите во 80-тите изградиле и зграда на Централна банка во Москва. Сместена е во близина на Кремљ и претставува архитектонска целина на политичкиот, туристичкиот и економскиот центар на Москва.
Иако се очекувало тоа да биде досадна, функционална бетонска зграда, Русите на маса добиле атрактивно решение во стакло, како луксузен хотел, пишува белградски Блиц.
Сепак, главниот дел- а тоа е трезорот, бил сместен под земја и тука немало место за импровизација. Изграден е од густи армирани решетки, па бетонот едвај поминувал низ мрежата на челични шипки. Освен тоа, во бетонската маса се додавани челични струготини во точно пропишана количина.
Просториите во трезорот функционираат како кутија во кутија, со двојни ѕидови и двојни плочи меѓу катовите, меѓу кои има ласерски надзор.
Трезорите имаат три најсовремени електронски заштити, па физичката заштита и трезорската челична врата го прават трезорот целосно заштитен, пишува Блиц.