Треба ли и кај нас? Во Србија најава за враќање на задолжителниот воен рок

Министерот за одбарана на Србија, Милош Вучевиќ најави укинување на суспензијата на воениот рок, како и задолжителното служење на истиот.

-Генералштабот на вооружените сили на Србија ќе покрене иницијатива до претседателот на Србија, како врховен командант, а потоа преку поширока дискусија до Народното собрание, да ја укине одлуката за суспензија на задолжителниот воен рок, односно повторно активирање на законските одредби, законот со кој се дефинира задолжителниот воен рок. Со тоа што предлогот на Министерството за одбрана е и за тоа воениот рок да не биде подолг од четири месеци – најави тој.

Како што рече, тоа е работа на стручните служби на Министерството за одбрана.

-Зошто се активира нашата иницијатива? Затоа што е направена безбедносна проценка во земјава. По 13 години имаме потреба од пополнување на резервниот тим. Вооружените сили ги напуштивме 13 генерации, немаше задолжителен воен рок. Нашите безбедносни потреби се да имаме нови регрути кои секогаш се подготвени да ја чуваат земјата. Ги разбираме безбедносните ризици. Тоа не е само потреба карактеристична за Србија, многу европски земји го активираат задолжителниот воен рок, посочува Вучевиќ.

Воениот рок би бил четири месеци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.