Треба да се има срце од камен за да се стори ова: Прилепчанец го бара виновникот кој во една недела му отрул две кучиња

До нашата редакција пристигна информација, во која прилепчанец се пожали дека непознат сторител со затруени колбаси му отрул две кучиња во една недела.

Немилиот настан кој го потресил семејството на улицата “Митко Цветаноски” бр.73, е за секаква осуда и е нехуман во секоја смисла.

Според тоа што го дознавме, прво било утруено двомесечно куче кое било мелез од расата боксер, а денеска и 9 месечен загар.

На семејството Аврамоски сега им останала само мајката на малото куче, која за среќа не каснала од затруените колбаси кои биле фрлени во нивниот двор.

Аврамоски не знаат кој го сторил грозното дело и бараат истиот да биде пронајден.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.