Претседателот на Демократски сојуз, кој е во колаиција со СДСМ во Утрински брифинг изјави дека внатрешното неединство во СДСМ е причина за изборниот резултат во првиот круг.
„Причините на потфрлањето на коалицијата и СДСМ мислам дека пред се е резултат на внатрешното неединство во партијата. Се зборуваше дека скопскиот огранок нема да ги поддржи СДСМ. Се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ знаат да се обединат секогаш кога се гласа. Кај СДСМ, поради поширокиот демократски идентитет, потфрлија“, вели Павле Трајанов.
Кога СДСМ владејат тие се опуштени. Кај ВМРО-ДПМНЕ никогаш не е така.
Оценуца дека е можен пресврт во вториот круг.
„СДСМ има 23 коалициски партнери кои беа пасивни во првиот круг, сега треба да излезат на гласање и да се обединат. Разликата е мала. Пред вториот круг има кампања која е манипулација, дека ние не бираме локална туку централна власт. Мислам дека Заев може внатре да ги отвори прашањата околу кадровски преомени и предвремени избори, но сега не треба да се зборува за тоа затоа што ги демотивира неговите гласачи.
Потегот со најава за оставка на Заев демотивира. Владата е стабилна и има стабилно парламентарно мнозинство и тоа треба да се кажува“, вели Трајанов во Утрински брифинг