ТРАНСФЕР БOMБA НА РК ВАРДАР: Хосе Толедо е новото засилување на десната бековска позиција

Постојано се лецитира со имиња кои би го засилиле актуелниот освојувач на Лигата на шампионите. Рускиот млад десен бек, Дмитри Кисељев го напушти шампионскиот состав, потребен е нов играч кој ќе го попони тоа место. Најверојатно изборот е паднат на 25-годишниот Бразилец, Хозе Толедо. Покрај офанзивните задачи тој може да ја зацврсти одбраната и ќе претендира да биде главниот дефанзивец на тимот.

Добра опција за партнер на Даинис Криштопанс е бразилецот кој пред Висла играше една сезона во Шпанија во тимот на Грањолерс, па шпанскиот систем во црвено-црниот тим ќе му одговара. Корпулентниот играч може значително да допридонесува и во дефанзивата, тој е висок 193 сантиметри, специјалист за играта во одбрана, што ќе биде секако можност за уште поцврста игра пред голот.

Пред неполни неколку месеци Висла Плоцк официјално објави дека потпишале договор со Толедо на уште една сезона, но според информациите кои ги пенесе 24Ракомет, Бразилецот е веќе сигурно во Скопје наредната сезона. Минатата сезона во Лигата на шампионите за својот тим постигна 41 погодок.

Извор: vardarfans.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.