Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп напиша гневна порака на Твитер пред денешното гласање во Изборниот колеџ, кој официјално треба да го избере за претседател.
– Доколку мнозинството мои поддржувачи дејствуваа и им се закануваа на луѓето како оние, кои ги загубија изборите, тие ќе беа посочени и нарекувани со секакви имиња, објави Трамп на Твитер.
Изборниот колеџ ќе се состане денеска за да го потврди формално изборот на Трамп за претседател.
Членовите на Колеџот добија голем број мејлови, телефонски пораки и писма со повици да гласаат против него, а во главните градови на сојузните држави, каде ќе се состанат членовите на Колеџот, планирани се протести.