На последното интервју Доналд Трамп не бираше зборови за да возврати на навредите на познатите американски ѕвезди.
Во второто интервју откако стана претседател, Трамп ја нарече Мадона одвратна откако таа изјави дека “Белата Куќа треба да се крене во воздух”.
– Таа жена е навистина гнасна.- изјави Трамп во интервју со Шон Хенити на Фокс њуз.
– Таа си наштети себеси и на целата таа кауза. Мислам дека она што го рече е засрамувачко за целата наша земја. Имаше некои поединци, таканаречени ѕвезди кои на сличен начин се осрамотија, но Мадона е тешко да се надмине – изјави Трамп.
За Алек Болдвин кој постојано го исмева Трамп со своите имитации, Трамп рече дека воопшто не е смешен туку е „многу грозен“,Во интервјуто, Трамп жестоко ја критикуваше програмата “Saturday Night Live” на NBC, откако една од авторките на емисијата, Кејти Рич, на Твитер напиша дека 10 годишниот син на Трамп и Меланија, Барон, ќе стане „првиот американски убиец школуван дома“.
– Тоа е невидена, досега најголема сработа и бламажа за таа емисија. Јас сакам хумор но ова беше дно, чист невкус. Да се напаѓа дете од 10 години… Верувајте ми, не му беше лесно да чуе такво нешто за себе, кому би му било – рече Трамп.
Инаку, Кејти Рич се извини за својата постапка и суспендирана е од работа.