Трамп гневен: Германија должи милијарди долари во НАТО – ја праша Меркел каде се парите?

На првиот предизборен митинг, вчера во Оклахома, актуелниот американски претседател кој бара уште еден мандат, ја обвини Германија дека должи 1.000 милијарди долари(1 трилион) на НАТО.

Доналд Трамп рече дека Соединетите држави повлекуваат 10.000 војници од Германија затоа што Берлин му должи на НАТО милијарди милијарди долари поради недоволното издвојување за одбраната во текот на изминатите 25 години.

Доналд Трамп упати отворено прашање до германската канцеларка Ангела Меркел и праша кај се парите што Германија издвојувала толку малку за одбрана.

Истовремено тој ги повтори критиките на адрса на Германија за гасоводот „Северен тек“ 2, потсетувајќи дека САД треба да ја заштитат Германија од Русија „но Германија плаќа милијарди за енергија од новиот гасовод од Русија“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.