Вујко си го уби внукот и неговото малолетно дете, а потоа и сам си пресуди… Ова е епилогот од синоќешната заложничка драма во центарот на Прилеп, во куќа во уличките кај Центарот за социјални грижи.
Од МВР се’ уште утрово нема официјални детали за тоа како и зошто дошло до немилиот настан, но според информациите заложничката драма започнала во попладневните часови, кога П.Ч. заедно со неговиот 11-годишен син, дошле во куќата на вујкото, П.Ѓ. (63) од Прилеп.
Полицијата пристигнала на лице место и се обидела да влезе во просториите каде биле држени засложниците П.Ч. и неговиот 11-годишен син, но убиецот почнал да пука и кон нив, а се заканил и дека ќе активира експлозивна направа.
По неуспехот на инспекторите да влезат во просторијата, доцна синоќа во Прилеп со хеликоптер пристигнаа припадници специјалната антитерористичка единица „Тигар“, кои исто така не успеваат да направат повеќе, бидејќи според очевидци убиецот некаде околу 1:30часот по полноќ си пресудува и себе си.
Според неофицијални информации, П.Ч. и неговото малолетно дете се убиени еден час по доаѓањето на гости на вујкото.
Засега останува непознат фактот зошто 63-годишниот вујко П.Ѓ. се одлучил на ваков грозоморен чин.