Вчера во 19.50 часот во ПС Прилеп, лекар од Итна медицинска помош Прилеп пријавил дека кај нив со возило, од страна на неговите другари, бил донесен Д.К. (27) од с.Ерековци, прилепско, кој не давал знаци на живот. Тој веднаш бил пренесен во Градската општа болница Прилеп, каде е констатирана смрт без траги на насилство.
Од извршениот разговор со М.Т. (24) од с.Ерековци, другар на починатиот, било утврдено дека околу 19.00 часот заедно излегле од куќата на М.Т. да прошетаат, по што на Д.К. му се слошило и паднал на улица.
Поради утврдување на причините за смртта, Јавен обвинител издал наредба да се изврши обдукција.