Тошевски: Битолчани до 2020 ќе плаќаат повисоки сметки за 1.800 денари за услугите на јавното претпријатие

Претседателот на ОК Битола на ВМРО-ДПМНЕ Иванчо Тошевски денес изјави дека се сведоци на едно грубо кршење на Деловникот за работа од страна на претседателот на Советот, Валентин Груевски.

-Сето ова го прави за да ја затскрие неспособноста на Наташа Петровска и нејзиниот најблизок тим на соработници, директорите на јавните претпријатија. Со одлуките кои што планира денес да ги донесе мнозинство во Советот на Општина Битола, ќе пораснат цените на услугите на јавното претпријатие Водовод и ЈП Нискоградба, истакна Тошевски.

Тој нагласи дека со оваа одлука граѓаните до крајот на 2020 година ќе имаат вкупно покачување на годишно ниво за 1.800 денари повеќе од она што го плаќаат денес.

-Сакам да ве информирам дека во сите овие претпријатија паралелно течат вработувања на блиски роднини и пријатели на актуелната локална самоуправа. Накратко кажано вие граѓаните ќе треба да го финансирате непотизмот на актуелната локална власт во Битола, посочи Тошевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.