„Виз ер“ ја прекинува продажбата на билетите за две дестинации од Македонија, само осум дена откако Министерството за транспорт и врски ја прекина постапката за избор на авиокомпанија за субвенционирање, а на кој единствен понудувач беше оваа унгарска нискобуџетна компанија.
Од 26 октомври нема да може да се закажуваат летови од Скопје до Барселонаа, а од 24 октомври и од Охрид до Лондон Лутон, објави порталот „ExYuAviation“.
„Виз ер“, ќе ги прекине летовите помеѓу Скопје и Ваксјо во јужна Шведска од средината на септември. Последниот лет помеѓу двата града ќе биде на 16 септември, по што продажбата на билети е прекината.