Тоа што ќе го правите денеска ќе го правите цела година, ова се народните обичаи и верувања за Св. Игнат

(Именден празнуваат: Игнат, Иго, Игнатка…)

Светата православна црква на овој ден го празнува споменот на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Свети Игнатиј бил ученик на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов од кого бил поставен, за епископ на црквата во Антиохија со која раководел 40 години.

Според верувањата на овој ден кој ќе ви влезе прв дома, ќе ви донесе среќа или несреќа.

Ако тоа бил млад и убав човек (момче или девојка) се сметало дека носат среќа, а ако прв влезел некој старец или баба верувале дека не ќе оди најдобро…

Празникот Св. мч. Игнатиј Богоносец во народот познат како Св. Игнет, Игњат, Игнатов ден, итн. се нарекува и „Прв Божик“ зашто тогаш започнуваат подготовките за празникот Рождество Христово ‒ БОЖИК.

Игнатиј бил ученик на Св. апостол Јован. Во времето на Трајан тој бил епископ во Антиохија, каде многу се прочуло по својот свет живот, така што многумина го напуштаа збрканиот незнабожечки поглед на свет и се утврдуваа во верата во Христа.

На едно свое пропатување, цар Трајан дошол во Антиохија. Пред него го извеле овој славен епископ, а Трајан го осудил на смрт и го пратил во Рим. Патувајќи за Рим, Игнатиј ги охрабрувал христијаните од градовите низ кои проаѓал. Многу од тие негови зборови се зачувани до денес во вид на посланија. Во Рим бил фрлен на ѕверовите и со kpвта на своето сведоштво го запечатил светиот живот.

Обичаите и верувањата што се изведуваат на празникот Игнат најповеќе се поврзани со почетокот на годината или со споменот на раѓањето на Исус Христос.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.