Цела предизборна кампања СДСМ на чело со Зоран Заев зборува само за една работа – дека ќе ја внесе Македонија во Европската Унија. Народот со право беше скептичен, но функционерите на Заев уста не затворија на оваа тема.
Ги зададоа и најболните удари на граѓаните со промена на уставното име и продажбата на идентитетот и историјата. Додека ја распродаваа Македонија, ни претставуваа дека договараат добрососедство.
Ништо не сработија, реформи не доживеа ниту еден сектор бидејќи тврдеа дека сите капацитети ги насочиле кон преговарање и ветуваа дека Македонија е пред портата која само што не се отворила. Наместо датум за датум или датум на датум, веќе не знаат ни што ветуваа, Македонија и граѓанте добија жежок шамар. Но, тој шамар на народот не го удри никој друг, туку лично Зоран Заев.
При очи, народот го правеа слеп, при уши, народот го правеа глув.
„Датум за преговори имаме за 12 месеци, а вие може да пукнете што не го решивте ова прашање“. Вака зборуваше Зоран Заев пред Парламентот во јули 2018 година. Од тогаш се поминати две ипол години!
Од тогаш до денес, народот доби 100 ветувања за датум. Секој месец нов рок смислуваа и кажуваа. Сите како во оркестар: Заев, Димитров, Шекеринска, другите министри, пратеници, градоначалници од СДСМ.
И еве што донесоа на Македонија – датум за вето!
Одговорот е НЕ, Македонија доби блокада.
СДСМ со години е власт во Република Македонија и не постигна успех во ниту едно поле. Наместо во ЕУ, ја втурна Македонија во бездна.