Јувентус вечерва во гости ја совлада Фиорентина со 1-2 и со тоа стигна на недостижни 12 бодови предност во однос на Наполи кој има за играње уште четири натпревари до крајот, но послаб меѓусебен дуел со Јувентус.
„Старата дама“ освои нова титула, 32. во историјата на италијанскиот фудбал, а дури петта по ред потврдувајќи ја уште еднаш својата доминација на апенинскиот полуостров.
Генерално гледано, Фиорентина можеби денес беше подобар ривал од Јувентус, поништен им е регуларен гол, но сето тоа ќе биде заборавено.
Прво напаѓаше Јувентус, поништен е гол на Кедира, но оправдано, беше во офсајд, а само неколку минути подоцна и на Фиорентина им беше поништен гол поради слична ситуација, но со една голема разлика – Бернардески постигна гол кој е поништен поради досуден офсајд, иако фудбалерот на Фиорентина не беше во недозлолена ситуација, судиите погрешија во нивната одлука и резултатот остано 0-0.
Во 39. минута ја имаше најубавата акција на мечот. Одлично се движеше топката од едниот крај до другиот, фудбалерите на Јувентус ни покажаа како се игра фудбал, а на крајот топката стигна до Погба кој со глава ја спушти до Манџукиќ, кој без проблем ја спроведе во противничката мрежа од голот.
Четириесетина минути имаше шанси на двете страни, но без погодок. Следува 80. минута, кога Калиниќ од дваесетина метри упати феноменален шут и погоди за израмнување, 1-1.
Сепак, радоста на домашниот тим траеше само минута ипол, кога Јувентус стигнува до вреден гол, Алваро Мората е јунакот кој го постигна „голот за титула“ и конечен резултат од 1-2.
Но, не беше тоа се, Калиниќ е соборен во шеснаесетникот во 90. минута, судијата досуди дискутабилен пенал и покажа на белата точка, а непишаното правило се докажа на дело – Калиниќ го изведе пеналот, но Буфон одбрани, покажа колку вреди по кој знае кој пат во кариерата.
Калиниќ имаше дури и уште шанса, кога упати удар но успеа да ја погоди само пречката и тогаш веќе беше готово.
„Скудетото“ останува во Торино.
http://www.dailymotion.com/video/x46ph0h_all-goals-hd-fiorentina-1-2-juventus-24-04-2016_sport