Тиранската платформа одново осудена од илјадници прилепчани: Градот херој на браникот на одбрана на државата (ФОТО/ВИДЕО)

BeFunky Collage

Илјадници прилепчани и вечерва го кренаа  гласот и ја осудија платформата од Тирана со која се руши унитарноста на државата. Прилепчани не се согласуваат со промена на знамето, химната, грбот на државата и воведување на албанскиот јазик како втор службен јазик во државата.

Дваесет дена татни и грми под Маркови Кули од гласот на граѓаните кои си ја сакаат државата и кои се спремни да направат се’ за да ја зачуваат.

Дваесет дена црвено-жолтата боја е симбол на Прилеп, а граѓаните порачуваат дека нема да се откажат и ако треба цела година ќе излегуваат на улиците и ќе маршираат против разнебитувањето на својата татковина.

Со прилепчани вечерва беа и браќата Турци, предводени од  Шенол Мемиш претседател на македонското-турско здружение “Мустафа Кемал – Ататурк” од Битола, кој упати пораки за обединување на сите заедници во државата и порача дека сето она што се бара во платформата од Тирана е деградирање на другите државотворни етнички заедници во државата.

Граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија” за утре ги организира најмасовните граѓански маршови во целата држава, а најголема поддршка одново се очекува од Прилеп. Граѓанските здруженија ги повикаа сите прилепчани утре да излезат низ градските улици и да им порачаат на Еврокомесарот Јоханес Хан и европратениците, дека народот нема да дозволи формирање на влада која ќе работи на реализирање на платформа од туѓа држава.

Пред прилепчани се обрати и Снежана Бунтеска, раководител на одделението за народна одбрана и професорката Снежана Трајкоска, кои исто така упатија силни пораки до илјадниците граѓани.

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.