Тие се партнер на секој дом и секоја компанија во Прилеп! Електро Елементи – ИД отсега застапник и на супер брендот за осветлување WELLMAX!

На локација на улица “Кеј 1-ви Мај”, во непосредна близина на основното училиште “Кочо Рацин”, во правец кон старата автобуска станица, “ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ – ИД” е местото каде ќе најдете буквално сe’ од електро материјали и лед расвета.

Во изминатите две години, ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ – ИД стана број еден партнер на стотици домаќинства и изведувачи.

А зошто тоа е така? Па најмногу поради снабденоста, квалитетот и цените, кои патем се најниски во целиот град, а второ и поради квалитетната услуга која ги краси како тим.

Веќе добро сите знаеме дека во ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ  – ИД, ќе најдете се’ од програмите на VIKO и PANASONIC, за кои се овластени дистрибутери, а застапници се и за ЕТI осигурувачи, како и за висококвалитетната палетна на производи од ЕXEN.

Во нивниот продажен салон ќе најдете избор на секакви видови на подземни и воздушни кабли, а нивниот тим ви стои на располагање и за изведба на секаков вид електрични инсталации.

Особено драга им е понудата и широкиот избор на ЛЕД светилки, кои пак ги има во сите дизајни,  од модерни LED светила, кои штедат енергија и нудат прекрасна осветленост, до класични дизајни кои никогаш не излегуваат од мода.

НАЈНОВО ВО ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ е тоа што отсега тие се ЗАСТАПНИК ЗА ПРИЛЕП за НАЈКВАЛИТЕТНИОТ БРЕНД за осветлување  – WELLMAX!

Станува збор за водечки бренд во делот на осветлувањето кој од 2004 година  се фокусира на иновации и производство на LED светилки. Основан во 1987година брендот WELLMAX е посветен на обезбедување производи со највисок квалитет преку строг систем на контрола на квалитетот.

Заштедете во домот и во вашите деловни простории! Набавете ги уште утре одличните лед сијалици кои се на промотивна цена од само 35 денари!

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.