Како што изминува времето, се повеќе расте незадоволството на прилепчани од оваа власт и од понудата за локалните избори од страна на СДСМ.
Советничката листа беше само еден од мотивите за расколот во членството, втората и најголема причина е кандидатурата на Сугарески.
Неговата тридецениска кариера во политиката, во која не направил ништо за Прилеп, придонесе резултатите на анкетите да се поразителни и за најзагреаните социјалдемократи.
Безредието во градот, заканите, уцените, поскапувањата, проблемите на пензионерите, земјоделците и рекордната ковид смртност се теми што прилепчани не ги забораваат.
Тие му замеруваат на Сугарески што нема став и за последната провокација од неговиот лидер Заев, дека нема бугарски фашисти и најавата за брусење на спомениците и нови учебници. Сервилноста на Сугарески значи дека и тој е истомисленик, заборавајќи ги жртвите во Дабница, Ваташа….
Дали казната за сето ова стигнува на 17. октомври?