Тешко повредена параглајдеристка од Кина во Крушево

Параглајдеристка од Кина на 46-годишна возраст добила тешки телесни повреди при слетување на меѓународен натпревар во параглајдерство во Крушево, соопшти МВР.

Во Полициската станица Крушево вчера во 13.40 часот жител од крушевското село Норово пријавил дека во селската амбуланта имало непознато женско лице-параглајдерист со повреди во пределот на нозете во вид на фрактури.

– Констатирано е дека се работи за Ј.Х (46) од Народна Република Кина која се здобила со тешки телесни повреди за време на меѓународен натпревар во параглајдерство, при нејзиното слетување. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на надворешната канцеларија за криминалистички работи-Прилеп, информира МВР во дневниот билтен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.