Тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Градско – две лица завршија на болница

Во 13.00 часот на патот Градско-Прилеп, мотоцикл „Сузуки“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од 43-годишниот П.Г. од Република Бугарија, кој бил со 33-годишниот сопатник М.Т.изгубил контрола и излетал од патот.

После тоа, возачот и сопатникот со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската болница Прилеп. Кај П.Г. биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека кај М.Т. биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.