Тешка сообраќајка на патот Прилеп- Битола

Тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп- Битола близу селото Лагово.

received_10208953181298238

Во директен судир  меѓу мотор и автомобил опел со прилепски регистарски таблички попладнево тешко е повреден моторџија од Велес.

Според првичните информации сообраќајната несреќа се случила при директен судир при што од брзината моторот излетал на кровот од автомобилот.
Среќа во несреќа е што од ударот мотороџијата наместо на асфалтот паднал во канал близу патот.

Минал само со скршеници на рамото и е хоспитализиран во прилепската општа болница.

На оваа сообраќајна несреќа биле зачудени и истражните органи кои вршат увид и ги утврдуваат причините. Најпрвин добиле впечаток дека моторот се има превртено а возачот на автомобилот го има товарено моторот за да го транспортира.

Подоцна при увидот и разговорот со еден од учесниците во сообраќајката утврдиле дека од брзината и силата при ударот моторот застанал на кровот од опелот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.