Тетовчани најоригинални: И оваа година Бадник под маски, а најјаки беа Боки 13 и Катица Јанева (Фото)

Во Тетово за Бадник веќе со години наназад луѓето под маски дефилираат по улиците.

Во речиси секое маало се палат бадникови огнови, се поставува посна трпеза. со години наназад маскенбалот е вистинска атракција. Тетовци живеат за овој ден.

Оваа традиција во Тетово опстојува со години и секоја нова генерација се помасовно ја прифаќа, иако речиси никој не знае од каде точно и зошто се овие чешитни обичаи.

Тетовските улици и маала и годинава за Бадник беа вистински празник за очите. Од годинешните маски ги издвојуваме оние на Боки 13 и Јелена Карлеуша, како и Катица Јанева.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.