Зоолошката градина Скопје информира дека почина мајмунот познат во јавноста како Дино.
-На 18 декември при меѓусебен конфликт на два мајмуни од видот павијан, едниот од павијаните познат во јавноста како Дино како резултат на конфликтот се здоби со тешка повреда на предната нога. Истиот веднаш беше упатен на Факултетот за Ветеринарна медицина при што беше извршена ветеринарка интервенција за санирање на повредата. За жал, павијанот Дино не ја преживеа операцијата, соопштуваат од Зоо Скопје.