Од утре како што веќе најавивме, под влијание на изразено јужно и југозападно воздушно струење ќе имаме ГОЛЕМ пораст на температурите, кои за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, истите ќе бидат значително над просекот и ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу 10 степени, објави метеорологот Славчо Поповски.
Времето ќе биде умерено облачно, повремено локално ќе има позначителна облачност, а има услови и за слаб локален дожд, за викендот исто така на некои места ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност, па во ваква ситуација ќе биде и нешто постудено.
НАПОМЕНА: Поради значителното затоплување на времето ќе дојде до забрзано топење на снежната покривка, како на пониските, па така и на повисоките и планинските места, ова ќе услови зголемување на нивоата на реките и на езерата во државава, има услови и за излевање на некои реки, особено оние помалите.
Инаку поради преодното разведрување, студено утро ќе имаме во петок кога минималните температури ќе се спуштат во интервалот од -7 до 1, додека во текот на денот ќе настапи значително затоплување како што веќе и кажавме – вели најпознатиот метеоролог Славчо Поповски.