Театарот „Војдан Чернодрински“ по учеството на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков “ во Струмица со претставата „Семејни приказни“ во режија на Милош Б. Андоновски се закити со нова награда.
Овој пак во рацете на актерите е Наградата на НЕТА за севкупно уметничко остварување за претставата „Семејни приказни“ во режија на Милош Б. Андоновски.
Во претставата играат актерите ЈАСМИНА МИЦОВСКА СТАНКОСКА, ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ, КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА КЛИНЧЕСКА и ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ.
-Наградата е потврда за нашата посветеност во работата и доказ за квалитетот на ансамблот на нашиот театар – вели актерката Јасмина Мицовска Станкоска.
„Семејни приказни“ е претстава која преку играта на децата го прикажува светот на возрасните. Дејството се случува на едно запуштено детско игралиште, каде што децата си играат семејство, а преку својата игра умешно ги прикажуваат деликатните семејни односи, но и длабоко вкоренетите патријархални вредности и нормализираното семејно насилство, создавајќи метафора за нефункционалноста на повеќе општествени сфери во деведесеттите години на минатиот век, во една руинирана балканска земја.