ТАЈНИ ДОКУМЕНТИ НА ФБИ: Вистинскиот Тито исчезнал во Русија во 1937 година – СФРЈ ја водел Николај Лебедев

fbi-696x400

Тајните документи на ФБИ од неодамна станаа достапни на јавноста.

Маријан Маркул е роден во Ливно во 1909 година, а во САД се доселил во 1936 година. Државјанство добил 1944 година бидеќи две години служел во американската армија за време на Втората Светска војна.

Во извештајот пишува дека не е сигурно дали сите информации се точни, но се наведуваат и неговите тврдења дека тој е социјалист и дека сака даде информации кои би можеле да бидат важни за безбедноста на САД.

fbi-agenti-leda-foto-printscreen-yt-1413972588-583507

Во забелешките од состаноците на агентите на ФБИ, пишува дека Маркул ја посетил Југославија во 1953 година и дека два пати се сретнал со Тито. Првиот состанок траел околу еден час и Маркул забележал дека на Тито сите прсти на рацете му се на број.

Маркул тврди дека вистинскиот Тито го изгубил средниот прст од левата рака. Додава дека “Тито” со кој тој разговарал во 1953 година бил образован и одлично свирел клавир. Од друга страна, вистинскиот Тито бил необразован, и колку што помнел Маркул, тој не знаел да свири клавир.

Меѓу другото, Маркул тврди дека Јосип Броз бил висок околу 180 центиметри, додека овој “лажниот Тито” бил висок околку 160. Маркул исто така рекол дека човекот кој му се претставил како Тито говорел со благ руски нагласок и говорел тивко. Додека вистинскиот Тито говорел гласно и остро.

kuca-cveca-josip-broz-tito-godisnjica-foto-zorana-jevtic-1430748306-653639

 Маркул тврдел дека вистинскиот Тито бил доста “болежлив” , дека имал туберкулоза и дека исчезнал во Русија во 1937 година. Исто така изјавил и дека на крајот од дваесеттите години разговарал со вистинскиот Тито, а се видел со него неколку пати во Париз во 1935 и 1936 година. Тој додава дека е цврсто убеден дека тој човек е вистинскиот Јосип Броз.
Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.