Тато е навистина најдобар!

Ако некој досега му префрлаше дека освоил се’, само не и олимписко злато, од вчера веќе нема да може.

Шампионот во се’ и сешто, од вчера е и олимписки шампион и во своите витрини го смести единствениот медал кој му недостасуваше. Новак Ѓоковиќ е најголем во историјата на тенисот.

Она што остави огромен впечаток кај целата спортска јавност беше поддршката од неговата ќерка Тара од трибините.

Цели три часа, малечката го бодеше својот татко со натпис: “Тато е најдобар”, и во право е НОЛЕ Е НАВИСТИНА НАЈДОБАР НА СИТЕ ВРЕМИЊА!

Беше најдобар уште пред да се искачи на олимпискиот врв!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.