Татко и син “дебело” казнети! Две години затвор поради прекршување на изолацијата

Поради прекршување на правилото за домашна изолација и непочитување на здравствените прописи за време на епидемија Д.К. (58) од Барајево, Србија, денес беше осуден на 2 години затвор. Неговиот син Д.К. (28), кој се сомничи за истото дело, одреден му е притвор од 30 дена.

Таткото го призна кривичното дело и со Основното обвинителство во Младеновац за време на сослушувањето направија спогодба. Основниот суд во Младеновац тоа го потврди, па Д.К. беше ставен во домашен притвор, каде ќе остане се додека не го повикаат да ја издржува казната.

Од другата страна пак син му не се согласи на спогодба со обвинителството, така што за него постапката ќе продолжи да тече, а за сега е во притвор. И двајцата стигнале во Србија на 16ти март.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.