Арбен Таравари од Алијансата за Албанците синоќа гостуваше во емисијата „360 Степени“ на Алсат каде обелодени дека според нивните анкети, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претседател Гордана Силјановска Давкова, е во водство пред кандидатот од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски.
– Ние веруваме дека кандидатот што го поддржуваме, Берим Река, кој во последно време има поддршка и од други етникуми, има шанси да влезе во вториот круг на изборите. Таму, според нашето истражување, треба да се соочи со Силјановска, која засега има мала предност во однос на Пендаровски, но да видиме како ќе се одвива кампањата, бидејќи до тогаш има уште време, истакна синоќа Тараваари за време на гостувањето во „360 Степени“ на Алсат.
Градоначалникот на Гостивар демантираше дека Алијансата за Албанците има договор со ВМРО-ДПМНЕ за меѓусебна соработка.
– Тоа се шпекулации од кујната на ДУИ, кои беа единствена партија која имаше своја гостинска делегација на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, пред 10-15 дена направи Трајко Вељаноски да биде на слобода, за СДСМ ги донесе да работат Мијалков, Камчева, Муковски, Тодоров, истакна таравари во гостувањето.